рециклира (св. и несв.)
Неговите дела се нарекувани „холограмски” или „фрактални”, што значи дека секој параграф може да содржи во себе компресирани секвенци што се откриваат и рециклираат во подоцнежните верзии.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Значи, уметникот е шизофреник кој со едното око и едниот дел од душата ги рециклира идеите на мудрецот, а со другото око и другата душа ги следи и испитува делувањата на масите и тираните.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Често зборуваш за потребата од критичко-теориско објаснување на стварноста, односно на општествената ситуација која ги рециклира граѓанскиот конформизам и интелектуалниот „шламперај“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сега, патувам со авион, кога ќе ме поканат на некој симпозиум, спијам по хотелски соби, кои во сеќавањето се рециклираат во една безлична соба со божемен уметнички акварел.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Да, да, во секое време,” тивко проговори госпоѓа Мариела, додавајќи: „Иако, покрај вистината, често се рециклира и лагата.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)